SX4

Ценовник
Опрема
Мотори
Технички Податоци
Бои
Каталог
Видеа
Фотографии
Дизајн
Ентериер
Подвозје
Безбедност

Новиот SX4

Екстремно способен, за 9.990 €

 
   

SX4 Urban

9.990 Eur.

   

SX4 4x4

12.990 Eur.

Живееме во време кога се која минута е драгоцена. Ни патувањата не се исклучок. Suzuki SX4 интелигентно ги комбинира секојдневните патувања со динамичните и побарувачки излети во природата.

Проектиран со цел инкорпорирање на најдобрите особини од различните класи на автомобили во едно единствено возило, ви се отвора нова димензија за дружење со возилото, со нагласено добра видливост и исклучително лесна возливост.

Теренската изведба веќе со својата надворешност навестува креативност, слобода и љубов кон природата. Урбаната изведба SX4 е вистинска слика на смислата на градскиот живот: совршено се приспособува кон густиот сообраќај а истовремено со карактерот и прегледноста се издвојува од масата.

Suzuki SX4, освен што нуди погон на сите тркала, дава и динамични перформанси со кои се издвојува од конкуренцијата. Со овој автомобил, со спортски изглед и компактна надворешност, управувате исклучително лесно и прецизно, додека самото возило овозможува целосен комфор и на подолги патувања, и тоа без разлика на подлогата.

Модерниот систем i-AWD преставува електронски управуван, интелигентен погон на сите тркала, развиен на темелите на познатата 4х4 технологија на Suzuki, која во голем дел го олеснува секојдневното возење.

Тој е нов во градот. Носи свежина. Секој сака да го види. Екстраваганција со многу лица - истовремено спортски и елегантен. Навистина извонреден. И секогаш малку повозбудлив од другите - SX4. Иновативниот кросовер дизајн спарен со страсни мотори и висока технологија повикува на авантура. Да ве убеди дека е поспособен од тоа што мислите.

Дизајн
Ентериер

Технички карактеристики

SX4
1.6L VVT
1.6L VVT 4WD
Зафатнина на мотор (ccm³)
1.586
1.586
КС
120
120
Гориво
Бензин
Потрошувачка (комбинирана) (l)
6,2
6,5
Максимална брзина (km/h)
185
175
Забрзување до 100 km/h (сек)
10,7
11,5
Максимален вртежен момент (Nm/rpm)
156 / 4.400
156 / 4.400
Стандард
Euro 5